Русија ѝ се закани на Хрватска: Властите не дозволиле руски авион да ги врати протераните дипломати дома?

Портпаролката на руското МНР денеска со остар тон го коментираше наводното одбивање на Хрватска да организира „хуманитарен лет“ за враќање на протераните руски дипломати во родната земја, јавува Индекс.
„Хрватска одби да организира хуманитарен лет за вработените во руската амбасада во Загреб. Москва ќе одговори на тоа“, рече Захарова.
„Во својата милитантна русофобија, официјален Загреб дојде до точка кога одби да организира хуманитарен лет на недипломатски начин, кршејќи ги правилата за пристојност и стандардите на меѓународната комуникација, за да евакуира голема група вработени во руската амбасада со нивните семејства, вклучувајќи и мали деца“, изјави Захарова за руските медиуми.
„Ваквиот понижувачки став нема да остане без одговор. Станува збор за луѓе на кои хрватските власти неразумно им наредиле да ја напуштат Хрватска“, додава Захарова.
Хрватска протера 18 руски дипломати од Загреб и шестмина членови на административниот персонал на Руската амбасада.
Премиерот Андреј Пленковиќ изјави дека не гледа каде е проблемот и дека се работи за руска пропаганда.
„Колку што знам, овие луѓе ја напуштија Хрватска. Мислам дека прелетаа над Белград или слично. Нема русофобија, има јасен политички став на Хрватска дека тие што не се испровоцирани од ништо, неоправдано, незаконски, кршат сите правила на меѓународното право и ред, ја нападнаа Украина, која ни е пријателска земја, напаѓаат градови, продолжуваат да убиваат жени и деца, а ние одговараме на тоа како и повеќето други земји“, рече Пленковиќ.
Премиерот вели дека на дипломатите им бил даден рок од две недели за да ја напуштат земјата и дека тој бил доволен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се јави Дугин: Кина е свесна дека…
Посетата на претседателот на Народна Република Кина…
Нуклеарна војна во најава? Путин и Шојгу:…
Русија ќе биде принудена да реагира доколку…
„Југословенско сценарио“ вели Москва за намерата на…
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на…
Угостител од Хрватска нуди 2.000 евра плата…
Ресторан од централна Истра, чиј објект работи…
(Фото) Магичен поглед и силна порака: Руски…
Специјалниот дописник новинската агенција „ТАСС“, космонаутот на…