Објавено на:

Руската армија останува во Белорусија: Макрон не успеа? – Ова се деталите

t

Руските воени вежби во Белорусија ќе продолжат, објави Минск попладнево, оставајќи ја Москва со големи сили во близина на границата со северна Украина, додека западните сили предупредуваат на неизбежна инвазија.

Најавата доаѓа откако францускиот претседател Емануел Макрон му се јави на рускиот Владимир Путин во разговори кои Елисеј ги опиша како „последни можни и неопходни напори за да се избегне голем конфликт во Украина“.

Москва претходно соопшти дека 30.000 војници што ги има во Белорусија едноставно изведуваат вежби за готовност со својот сојузник, кои ќе бидат завршени до 20 февруари, дозволувајќи им на Русите да се вратат во своите бази.

Но, како што дојде денот за завршување на операцијата, белоруското министерство за одбрана соопшти дека Путин и белорускиот лидер Александар Лукашенко одлучиле да „продолжат со инспекциите“, наведувајќи ја зголемената воена активност на нивните заеднички граници и наводната „ескалација“ во источна Украина.

Овој потег ќе се смета како дополнително стегање на обрачот околу Украина, во време на вжештување на конфликтот помеѓу сепаратистичките бунтовници поддржани од Русија и украинската армија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…

Инцидент каков што ретко се гледа се…

Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…

Заменик претседателот на Советот за безбедност на…

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…

Ова ли е тоа тегнење за уши?…

Судот во Струга го прогласи за виновен…

Во Битола годинава 238 првачиња помалку од…

Новата учебна година во Битола ќе ја…