Руски владин авион лета кон Вашингтон: Што се случува?
Рускиот владин авион, кој се движи од Санкт Петербург кон Вашингтон, ќе ги врати руските дипломати назад во нивната земја, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова на нејзиниот канал на Телеграм.
Овој авион ќе ги врати руските дипломати во нивната татковина, откако американската влада ги прогласи за персона нон грата, додаде Захарова, без да прецизира кога точно тоа ќе се случи.
Владата на САД одобри чартер лет на руската влада за да го олесни заминувањето на рускиот персонал од Мисијата на Обединетите Нации (ОН) кои беа протерани поради злоупотреба на нивните привилегии на престој, пренесува Си-Ен-Ен.
„Овој посебен исклучок беше направен во согласност со федералните регулативи за да се обезбеди дека персоналот на руската мисија и нивните семејства ќе заминат до датумот што го наложивме“, рече портпаролот на Стејт департментот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Москва е подготвена на преговори со…
Москва е подготвена за преговори за решавање…
Медведев повторно се заканува: Директен конфликт меѓу…
Директен конфликт меѓу Русија и САД, доколку…
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…