Руски зборник од 1849 година: Македонскиот јазик е заведен како посебен јазик, различен и посебен од соседните јазици

Во време кога се врши атак врз македонскиот јазик и идентитет, при што пропагаторите против Македонците, македонската историја и македонскиот јазик мафтаат со тврдења дека „македонската нација ја измислил Тито“, а македонскиот јазик бил „бугарски дијалект“ еве еден историски документ за Македонците и македонскиот јазик издаден многу години пред да се роди Јосип Броз Тито, пред да дојдат „администраторите“ со пушки и топови во Македонија во 1941 година.
Документот е објавен на страницата на Фејсбук која се занимава со историски прашања од поблиската и подалечната историја на Македонија.
– Македонскиот наведен како засебен јазик во Зборник од 1849 година. Редакцијата на зборникот „Легенди на рускиот народ“ и составувачот, рускиот етнограф-фолклорист и палеограф Иван Сахаров, во 1849 година го навеле македонскиот како засебен јазик, покрај српскиот и грчкиот, меѓу другите јазици.
ИЗВОР: „Сказания русского народа“, собранные И. Сахаровым, Том второй , Книга пятая, шестая, седьмая и осьмая, Санкт Петербургъ, 1849, стр. XIII.- се посочува во објавата на Macedonia: a True Endless Story во објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…
Одговорноста има име и презиме, тоа е…
(Видео) Жежов: ВМРО во некои периоди има…
ВМРО особено во периодот 1912-13 година и…
(Видео) Терористичките акции на ВМРО никогаш не…
Во својот Устав, посебно во правилниците стои…
(Видео) Нема пишан доказ кој го разјаснува…
Тешко е да се утврди дали има…
Социјалните мрежи горат по вчерашното реми: Од…
Социјалните мрежи вријат откако Македонија вчера ѝ…