Објавено на:

Руски функционер вели дека „операцијата ќе заврши кога ќе престанат заканите од НАТО“

t

„Специјалната воена операција“ на Русија ќе заврши кога НАТО ќе престане да ја користи украинската територија за да ѝ се заканува на Русија, изјави Алексеј Полишчук, висок претставник на руското Министерство за надворешни работи, пренесува руската новинска агенција Тас.

– Специјалната воена операција ќе заврши кога ќе се исполнат нејзините задачи. Меѓу нив се заштитата на мирното население на Донбас, демилитаризацијата и денацификацијата на Украина, како и елиминацијата на заканите за Русија кои доаѓаат од украинската територија поради нејзино заземање од страна на НАТО земји, рече Полишчук.

Според него, „специјалната операција се одвива според планираното и сите нејзини цели ќе бидат постигнати“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…

Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…

Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…

Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…

Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…

Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…

Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…

Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…

И по 23 години од случувањата на…