Руското обвинителство бара Фејсбук и Инстаграм да бидат прогласени за екстремисти
Руското државно обвинителство побара од судот да ја прогласи компанијата „Мета“, во чии рамки функционираат социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, за екстремистичка и во исто време да ја забрани нејзината активност во Русија.
Како што се наведува, активностите на компанијата „Мета“ може да се оквалификуваат како јавен повик за екстремизам и промоција на тероризам.
Руското државно обвинителство испрати и барање до Државната агенција за надзор на комуникациите „Роскомнадзор“ за ограничување на пристапот до социјалната мрежа Инстаграм.
Сепак, овие мерки нема да важат за „Ватсап“, бидејќи станува збор за месинџер, а не за социјална мрежа, наведува неименуван извор за руските медиуми.
Москва очекува официјална реакција од компанијата „Мета“ за повиците за насилство врз граѓаните на Руската Федерација, изјави официјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Западните медиуми пишуваат дека поради ситуацијата во Украина, компанијата „Мета“ им овозможила на корисниците на Фејсбук и Инстаграм да повикуваат на насилство врз руските граѓани во некои земји. Очекуваме официјална реакција од компанијата. Дополнително, сакаме одговор и, ако навистина имало упатство од тој тип, кој го иницирал и одобрил?“, напиша Захарова на Телеграма.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова се најбогатите држави во светот, а…
БДП по глава на жител е груба…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Родителите од Кочани официјално побараа средба со…
Семејствата и родителите на починатите во пожарот…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…
Согласно најновите податоци на Европската агенција за…