Руте: Постигнувањето договор за завршување на војната во Украина ќе бара тешки одлуки
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска е во посета на Киев кој беше погоден од тешки руски напади во текот на ноќта. Украинскиот претседател Володмир Зеленски објави фотографии на социјалните мрежи од него и Руте како го посетуваат Плоштадот на независноста во Киев за да положат венци во чест на украинските војници убиени во конфликтот, кој се приближува кон својата четврта годишнина.
Во говорот пред украинскиот Парламент, Руте нагласи дека програмата за воена помош на Украина обезбедува 90 отсто од одбранбените ракети што ги користат украинските сили.
Завршувањето на конфликтот во Украина ќе бара тешки одлуки, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во говорот пред украинскиот парламент, емитуван на парламентарната телевизија.
„Разбираме дека постигнувањето договор за завршување на оваа војна ќе бара тешки одлуки“, рече Руте.
Тој претходно изјави дека земјите од НАТО се подготвени брзо да ѝ дадат поддршка на Украина.
Според него, штом ќе се постигне мировен договор, „ќе се појават вооружени сили, авиони во воздух и поморска поддршка“ од оние земји што се согласиле со тоа.
ДПА денеска објави дека со најновите руски напади заврши енергетското примирје.
„Целите не беа воени. Тие беа исклучиво цивилни: стотици илјади семејства, вклучувајќи деца, намерно оставени без греење во најтешкиот зимски студ“, нагласи Денис Шмихал, министер за енергетика на Украина. Според него, нападите биле насочени кон термоцентрали и згради.
Рускиот напад во Киев, исто така, оштети познат споменик од советската ера подигнат во украинскиот главен град за да се одбележи победата над нацизмот, истакна украинската министерка за култура Татјана Бережна, цитирана од француските медиуми.
„Русите ја оштетија Салата на славните на Националниот историски музеј на Украина за Втората светска војна, која се наоѓа во подножјето на споменикот на татковината – џиновска статуа на жена што држи меч и штит, која се наоѓа на историско место во Киев“, прецизираше таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руте: Постигнувањето договор за завршување на војната…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска…
SpaceX на Маск го блокира користењето на…
SpaceX на Елон Маск ги презеде првите…
Руски дрон погоди родилиште во Украина, повредени…
Руската војска со дрон целеше град, погодувајќи…
Зеленски објави дека на 4 и 5…
Новата рунда преговори меѓу Украина и Русија,…
Нови преговори Русија-Украина во Абу Даби, Зеленски…
Русија и Украина се подготвуваат за втора…