Руте ја пофали Шекеринска
Русија, Кина и Иран се актери кои развиваат сѐ поголеми капацитети за притисок врз евроатлантската безбедност, порача генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Собранието.
— Иран е извозник на хаос. Опасноста што ја претставува е далекусежна и затоа Иран не смее да поседува нуклеарно оружје — нагласи Руте пред пратениците.
Тој значаен дел од своето обраќање во Собранието посвети на состојбата во Украина, истакнувајќи дека „сојузниците стојат рамо до рамо секогаш кога се соочуваат со опасен и нестабилен свет“.
Во говорот Руте ја спомена и својата заменичка, Радмила Шекеринска. Тој ѝ упати благодарност за придонесот во Алијансата и оцени дека нејзиното именување било одличен избор, додавајќи дека со гордост соработува со неа.
Пратениците на Левица го пречекаа Руте со своја порака, пред говорницата отворија голем транспарент, на кој пишуваше „НАТО убива за профит“.
Претходно, за време на тет-а-тет средбата со претседателката во Вила Водно, Руте внесе и доза на неформалност – излезе на терасата и ги поздрави новинарите со пријателски гест. Иако средбата првично била планирана да трае подолго, поради неговото доцнење таа траела околу петнаесетина минути.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руте ја презеде функцијата генерален секретар на…
Поранешниот холандски премиер Марк Руте денеска ја…
Руте: ЕК да си го затегнат ременот,…
Европската комисија треба да го затегне ременот,…
Тупанчевски нов министер за правда, Шекеринска заминува…
Две актуелни пратенички и една поранешна ќе…