Рacкол во ЛДП: Милевски го обвинyва Мицкоски за пyч
Јасно е како ден дека актуелниот директор на Универзална сала, кој во јавноста ги пласира невистините за претседателот на ЛДП, е во тесна спрега со опозицијата, реагира Либерално-демократската партија откако денеска ВМРО-ДПМНЕ го обвинија лидерот Горан Милевски дека си ја третира партијата како гранапче и дека поради тоа молчи за криминалот на СДСМ и на ДУИ.
„Затоа, ЛДП, јавно ја повикува градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска да ги објави финансиските извештаи за работењето на Универзална сала, особено делот за незаконско работење за кој беше обвинуван актуелниот директор на прес конференциите на ДПМНЕ, за време на изборната кампања“, се наведува во реакцијата од ЛДП.
Оттаму велат дека е срамно што „киднапираната ДПМНЕ си дозволи да користи ниски методи за уцена на поединци со цел нанесување штета на угледот на претседателот на ЛДП и инсталирање за нив подобен претседател кој ќе ја реализира агендата за враќање на власт на нереформираното ДПМНЕ“.
„Ниту претседателот Горан Милевски, ниту пратениците, ниту кој било друг член на раководството на ЛДП, не можете да ги заплашувате со вакви лаги кои ги пласирате преку соопштенија, бидејќи своите функции ги извршуваат чесно, во согласност со законите. Довербата на граѓаните не можете да ја добиете со неоснована црна пропаганда кон политичките опоненти, туку само со проекти и активности. Заслепени од желбата да делите нови концесии за хидроцентрали, градежни маркици и милионски тендери, како во златните времиња на вашиот ментор Груевски, не ви овозможува да ја согледате реалноста во државата која незапирливо се реформира и нема да дозволи криминалците повторно да ја намирисаат власта“, се додава во реакцијата од ЛДП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…
МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…
Физички напад меѓу вработени во Комплексот клиники…
Нова драма се случи во рамки на…
Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…
Турчин приведен во моментот кога сакал да…
На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…
По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…
Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…