Објавено на:

САД БАРА ПОМОШ ОД КИНА: Блинкен најави дека ќе бара од Кина да помогне во преговорите со Северна Кореја

t

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека ќе побара од Кина да ја охрабри Северна Кореја да учествува во преговорите, бидејќи тензиите неодамна се зголемија со серија севернокорејски ракетни проби, пренесуваат странските агенции.

Блинкен, кој планира да ја посети Кина на почетокот на 2023 година, рече дека ќе разговара со тамошните власти како можат да ја убедат Северна Кореја да тргне во друга насока.

– Многу јасно ставивме до знаење, и тоа сè уште го правиме, дека сме отворени за дипломатија без никакви предуслови. Остануваме посветени на денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров, рече Блинкен на прес-конференција.

Според него, Северна Кореја сега не е на тој пат, но останува можноста Кина да одигра улога во придвижувањето на работите во таа насока.

Кина е еден од ретките сојузници на Северна Кореја, иако вистинското влијание што Пекинг може да го има врз режимот на Ким Џонг Ун е прашање што ги подели експертите.

Ким Џонг Ун неколку пати се сретна со поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Тие разговори ги намалија тензиите, но не доведоа до долгорочен договор.

Северна Кореја не беше отворена за разговори со претставници на пониско ниво во администрацијата на Бајден, а неодамна тестираше интерконтинентална балистичка ракета способна да стигне до американскиот континент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…