САД: Во Сирија e убиен лидерот на ИД

Лидерот на Исламска држава (ИД) во Сирија, Махер ал Агал е убиен при напад со американско беспилотно летало.
Американската Централна команда соопшти дека Ал Агал е елиминиран во близина на Џиндирес, а во нападот сериозно е повреден еден од неговите најблиски соработници.
Додека „Ерусалим пост“ објави дека цел на нападот бил лидерот на ИД и неговиот заменик.
Нападот врз ал Агал се случи по пет месеци откако во американска операција во во градот Атме, беше елиминиран лидерот на ИД, Абу Ибрахим ал Куреши. Според американските власти Куреши загинал кога активирал бомба за да избегне апсење.
Во 2019 година, лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади загина за време на американски напад во Идлиб. Тој исто така го активирал самоубиствениот појас за време на американската воена операција. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Иран требаше порано да преговара
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…
Се урна стар мост во Индија, има…
Четири лица загинаа, а 51 се повредени…
Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…
Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…
Израел ја погоди иранската државна телевизија за…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
Жена со бугарско потекло загина во Израел
Постара Израелка со бугарски корени загина во…