Објавено на:

САД за лични интереси се спремни да жртвуваат нешто што не е нивно

t

Конфликтот со помал или поголем интензитет во Украина е извесен, бидејќи Западот, односно Соединетите Американски Држави (САД) не се согласија на ниту едно барање на Русија, изјави претставникот на Институтот за европски студии, Стеван Гајиќ.
Гајиќ додаде дека ако нема за што да се зборува, нема начин да се намали тензијата помеѓу двете земји.

„Од друга страна, ми се чини дека САД се подготвени да жртвуваат нешто што навистина не е нивно, односно да ја жртвуваат руската зона на влијание. Можно е тие да слушаат што луѓето како Кисинџер или Миршајмер им кажуваат со години, дека Русија има црвени линии и дека однесувањето што САД го применуваат за Русија би било слично на однесувањето на Русија во Мексиканскиот залив“, вели тој. – изјави Гајиќ.

На прашањето каква е улогата на Европа во овие односи и дали на Европа и треба пратеник за ова прашање, Гајиќ посочи дека Европа е воено џуџе од крајот на Втората светска војна и додаде дека Европа малку бара за оваа ситуација.

„Ако САД се подготвени да ја жртвуваат Украина или можеби дури и балтичките земји, или можеби дури и Романија и Бугарија, а можеби и малку подалеку на запад, тоа би ја отворило можноста за повторно воспоставување цврста контрола врз Европа, која некако почна да осе слободува од американското влијание во последните години“, оценува Гајиќ.

Интересно е, забележува тој, што Германија попушти кога е во прашање „Северен тек 2“ и дека тој, очигледно, ќе биде отворен, но и што Германија не извезува оружје во Украина.

„Сето тоа е многу важен сигнал“, рече Гајиќ.

Одговарајќи на прашањето што очекува од разговорот меѓу Путин и францускиот претседател Емануел Макрон, кој беше објавен оваа недела, Гајиќ вели дека од тој разговор не се очекува ништо суштинско, можеби само некакво
дложување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…

Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…

Русија прогласи вонредна состојба во Курск

Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион…

Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…

Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…

79 години од бомбардирањето со атомска бомба…

Нагасаки  денеска ја одбележа 79-годишнината од американското…

Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…

Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…