САД и Франција даваат силна поддршка за пристапување на Македонија и Албанија во ЕУ

t

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен и министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дриен во разговор денеска укажаа дека даваат засилена поддршка за пристапување на Македонија и Албанија во Европската унија, соопштија од Стејт департментот.

Во разговорот, како што изјави портпаролот на Стејт департментот, Бед Прајс, Блинкен исто така испрати честитки до народот на Франција за успешните избори на 24 април истакнувајќи дека очекува постојана блиска соработка и силни врски со претседателот Емануел Макрон.

-Двајцата дискутираа и за обезбедување поголема безбедносна поддршка за армијата на Украина во нејзиниот отпор кон бруталната и непровоцирана инвазија на руската влада, како и дополнителни мерки за тоа претседателот Путин и неговиот режим да бидат повикани на одговороност, дополни Прајс, јави дописникот на МИА.

Државниот секретар и министерот за надворешни работи, како што кажа Прајс, исто така разговараа и за засилена поддршка за пристапување на Македонија и Албанија во ЕУ.

Франција е претседавач со ЕУ, чиј мандат завршува во јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД свечено ја отвори постојаната воена база…

Американските копнени сили денеска ја добија својата…

Француската полиција “европски” уапси 101 демонстрант на…

Бројот на уапсени на демонстрациите во Париз…

Унгарија го блокираше барањето на земјите-членки на…

Унгарија го блокираше заедничкото барање на земјите-членки…

Макрон “преживеа”: Не успеа гласањето недоверба во…

Француската влада денеска со мало мнозинство го…

Свесни сме дека направивме многу отстапки, но…

Вицепремиерот за европски интеграции, Бојан Маричиќ, вечерва…