САД ни дадоа пари за владеење на правото
Во рамки на реализацијата на Стратешкиот дијалог со Македонија, Владата на САД донесе одлука за издвојување на дополнителни средства за зајакнување на владеење на правото во кај нас. За оваа цел се издвоени дополнителни средства во износ од 4, 318 милиони САД долари.
Со отпочнувањето на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија – САД, пријателските односи меѓу двете земји се подигнати на ново, повисоко ниво во име на продлабочување на стратешкото партнерство.
Стратешкиот дијалог започна на 2 јуни во Вашингтон, меѓу владината делегација предводена од Министерот за надворешни работи Бујар Османи, од наша страна и делегацијата, предводена од помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски работи, Карен Донфрид, од американска страна.
Стратешкиот дијалог претставува форум кој обезбедува врамување на билатералните односи и соработката во одбраната, економијата, образованието, транспортот, енергетиката, климатските промени, демократскиот развој, борба против корупција, владеењето на правото, трговијата и други теми од заемен интерес
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…