САД понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен
САД му понудија на Киев 15-годишни безбедносни гаранции, но Украина сака повеќе и смета на период од најмалку 30 години, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Минхенската безбедносна конференција.
Според него, Украина работи со сите партнери за безбедносни гаранции.
„Општо земено, ние сме блиску до тој проект. Имавме средба со американски сенатори. Рековме дека навистина сакаме да ги продолжиме безбедносните гаранции, за да бидат поефикасни за инвеститорите на кои им се потребни гаранции повеќе од пет до десет години“, рече Зеленски, пренесоа украински медиуми.
Тој додаде дека американската страна синоќапредложила гаранции од 15 години, додека Украина сака да додаде 20 години на тоа, за периодот да биде помеѓу 30 и 50 години.
„Зависи од тоа што ќе одлучат администрацијата и Конгресот, ќе видиме“, рече Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски…
САД му понудија на Киев 15-годишни безбедносни…
Израелскиот МНР Гидеон Сар ќе присуствува на…
Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар…
Преговори САД-Иран следната недела во Женева
Оман ќе биде домаќин на разговори меѓу…
Зеленски: Благодарение на Украина Орбан може да…
Благодарение на Украинците, унгарскиот премиер Виктор Орбан…
Рубио: САД секогаш ќе бидат дете на…
Државниот секретар на САД, Марко Рубио ги…