САД се пишманија: Нема да ја прогласат Русија за спонзор на тероризмот

САД нема да ја прогласат Русија како држава спонзор на тероризмот, во спротивно би ги врзале рацете на меѓународната заедница во потрагата по начини за деескалација, изјави Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност на Белата куќа.
„Го разгледавме ова прашање и сè уште не веруваме дека таквото признавање ќе ги задоволи нашите потреби во контекст на Украина и потребите на нашите сојузници и партнери“, изјави Кирби за новинарите.
Невладините организации велат дека таквото признавање ќе го отежне испораката на хуманитарна помош за Украинците, додаде тој. „Покрај тоа, искрено кажано, може да ги врзе рацете на меѓународната заедница“, рече Кирби.
Според него, „кога и доколку“ се реши ситуацијата околу Украина, таквото признавање би било неуспешно во контекст на флексибилност во изнаоѓањето начини за деескалација. „Сè уште не сме посветени на идејата за такво назначување, нашата политика по ова прашање не е променета“, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Израел очекува одлука на САД за приклучување…
Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…