Објавено на:

САД ја предупредија Турција на „последици“ доколку не го запре извозот на американска воена опрема во Русија

t

САД ја предупредиле Турција дека ќе има „последици“ доколку земјата не го запре извозот во Русија на американската воена опрема од витално значење за воената машинeрија на Москва, изјави за „Фајненшл тајмс“ висок претставник на американското Министерство за трговија.

Неодамна, помошникот секретар на американското Министерство за трговија, Метју Акселрод, се состанал со турските власти во Анкара и Истанбул. Неговата порака била дека Турција треба да стори повеќе за да ја запре трговијата со чипови и други производи од САД кои се клучни за руската војна во Украина.

„Турција треба да ни помогне да го запреме нелегалниот проток на американската технологија во Русија. Треба да видиме напредок, и тоа брзо, од турските власти и индустријата, или не. Да немаме друг избор освен да наметнеме последици врз оние кои ги заобиколуваат нашите контроли за извозот“, рече Акселрод во изјава за „Фајненшл тајмс“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем пожар во Маџир Маало

Вечерва се запали стара и напуштена куќа…

Американско министерство за финансии: Кина изврши хакерски…

Американското Министерство за финансии објави дека кинески…

Силен земјотрес воТурција!

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според…

Ристовски: До крајот на идното лето пет…

Скопје до крајот на идното лето ќе…

Зеленски: Новата помош од Америка доаѓа во…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека…