„Саздов ја наведе Ивана да се самоубие, ми го упропасти семејството“, рече Стојанче Јовановски на првото рочиште
Стојанче Јовановски, обвинет за повеќе дела меѓу кои и наведување на самоубиство на сопругата Ивана на првото рочиште рече дека ги разбира првите две дела за кои е обвинет, односно за „Телесна повреда“ и „Загрозување на сигурноста“, ама третото дело, „Наведување на самоубиство и помагање на самоубиство“ не го разбира. Судијата му го прочита пак, а тој повтори дека го разбрал.
„Се чувствувам виновен за телесната повреда, за другото не. Таа мене ме изневеруваше, се работи за неверство“, рече Стојанче.
Почна да плаче, рече дека никој не сака да го сослуша. Почна да липа и неразбирливо да зборува. Судијата го прекина и му објасни дека мора да се изјасни за сите три дела.
„Мартин Саздов ја наведе да се самоубие. Мартин ѝ се закануваше цело време, ѝ рече оди фрли се под воз, неговите зборови ги става во моја уста. Не можам да се смирам, Мартин Саздов ми го упропасти семејството“, рече Стојанче со липтање.
Обвинетиот зборуваше неразбирливо, а судијата го испрати надвор да се напие вода и да се смири. Потоа судијата Ивица Стефановски му рече да се изјасни без плачење, и го праша дали дава признание за првите две кривични дела, а за третото не, на што Стојанче одговори потврдно.
Судијата прочита дека ги признал делата Телесна повреда и Загрзување на сигурноста, во време и на начин како што се опишани во обвинението, а дека не се чувствува виновен за Наведување на самоубиство и помагање на самоубиство.
„Судот, пред да ги прифати вашите признанија, треба да се увери дека ги давате со полна свест, дека ќе се донесе пресуда и ќе ви се изрече казна и нема да имате право во текот на постапката да давате докази за тие две дела. За овие две дела нема да се изведуваат докази. Оштетените ќе бараат надомест на штета. На вас ќе бидат трошоците за постапката“, рече судијата.
Јовановски потоа рече дека е свесен за правните последици од делата кои ги признава.
„Свесен сум за правните последици. Доброволно и свесно го давам признанието за вина“, рече Стојанче.
На прашање дали некој му се заканувал за да даде признание на вина, Стојанче потврди и рече дека му се заканувал Мартин Саздов. Тој рече дека никој не му ветил ништо за да признае вина.
На прашање дали неговата здравствена состојба влијае за признавање на вина, тој рече дека го држат во самица и дека не му е стабилна психичката состојба.
„Барав да одам на психијатар, ме внесоа еднаш и ме вратија. Сѐ уште ме држат во самица“, рече Стојанче.
На прашањето дали имал доволно време за средби со адвокатите за да ја подготви одбраната, тој негираше. Рече дека испратил молба со барање да се спроведе редовна постапка, а не скратена, во која ќе се изведуваат докази, оти не можел да ја издржи како што рече, неправдата што му е нанесена.
„Останувам на молбата за редовна постапка, во која ќе се изведуваат докази за третото кривично дело. Молбата ја напишав со цел да се докаже дека за целата ситуација е виновен Мартин Саздов, кој за сите три дела ме наведуваше да ги сторам и имам докази. Да ја тепам сопругата и да ја загрозам. Тој ме натреа да ги оставам сами горе кога се качивме“, рече Стојанче.
Судот констатира дека признанието на вина за двете кривични дела не е дадено доброволно и не ја прифати изјавата за признание на вина.
„Судот не го прифаќа признанието бидејќи обвинетиот наведе дека сведокот Мартин го присилувал и му се заканувал да даде изјава за признание за вина на кривичните дела“, рече судијата Ивица Стефановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јовановски се чувствува виновен дека ја тепал…
Обвинетиот Стојанче Јовановски на денешното прво рочиште…
„Саздов ја наведе Ивана да се самоубие,…
Стојанче Јовановски, обвинет за повеќе дела меѓу…
Самиот пријавил дека ја убил својата мајка:…
Убиецот од Росоман утрово самиот пријавил во…
Започнува судењето за Стојанче Јовановски за смртта…
Денеска во Основниот кривичен суд Скопје со…
Хаос на судењето за „Онкологија 2“: Адвокатка…
Со хаос и парична казна за адвокататката…