Објавено на:

Сакаат да го запалат и Балканот: „Косовската полиција денес пак нападната со огнено оружје – нема повредени полицајци“

t

„Косовската полиција повторно била нападната во селото Зупче, во Зубин Поток. Ова го соопшти полицијата: ‘Денеска во раните утрински часови е нападната единица на гранична патрола во селото Зубин Поток. Веднаш се преземени сите полициски дејства. На местото на настанот излегле полициски единици од полициската станица Зубин Поток и соопштиле дека граничната единица била нападната со огнено оружје. Освен материјална штета на возилото, нема пријавено повредени полицајци.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“, пренесува Експрес.

Лајм пишува: „Косовската косовската полиција нагласува дека ‘во соработка и координација со правосудството ги презема сите неопходни истражни дејствија во врска со случајот’, истовремено ‘зголемувајќи ги полициските мерки, со цел да се обезбеди безбедност на полициските службеници и граѓаните’.“

„Минатата недела полицијата на северот беше нападната со рачни бомби и калашникови. Тоа беше оценето како ‘терористички чин со цел да се заплашат полицајците и сите граѓани на Косово’.“

Извор: Експрес

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милановиќ до Вучиќ: Косово е реалност и…

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ се осврна на…

Жена го копала тунелот во судот во…

Црногорската полиција идентификуваше жена која е осомничена…

(Видео) Зошто СДСМ не реагира и не…

Зошто СДСМ не реагира на работата на…

Ексклузивно: Детали за “Панорама”! Зошто расколот предизвикан…

Во врска со коментарите на социјалните мрежи…

(Видео) Мицкоски искористува жена под политички прогон…

Мицкоски искористува жена која е под политички…