Сали: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е тешка политичка одлука

t

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, оцени дека внесувањето на Бугарите во Уставот не претставува ниту тешка политичка одлука, ниту технички неизводлив процес, имајќи го предвид распоредот на силите во Собранието.

Во интервју за емисијата „360 степени“, Сали истакна дека не сака да се навраќа на минатите политички одлуки поврзани со европските интеграции, туку фокусот треба да биде насочен кон иднината и европската перспектива на државата.

„Не би се навраќал на изминатиот период, затоа што ако се навратиме ќе останеме таму. Сигурно има одлуки и изјави кои биле на штета на државата, но треба да гледаме перспективно. Сметам дека имаме перспектива и нашите пријатели во меѓународните институции, во Европската комисија и во поголемите држави на Европската Унија ни даваат јасен знак дека процесот на проширување не е запрен и дека постои волја за поддршка“, рече Сали.

Осврнувајќи се на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека земјата ја очекува „маратон“ на патот кон ЕУ, Сали посочи дека Македонија веќе води специфичен и долг процес на интеграција, кој покрај политичките предизвици вклучува и обемни реформи.

„Мораме да го завршиме и реформскиот дел, кој е многу покомплексен и потежок. Потребно е институциите да се усогласат со европското законодавство и со целокупното аки на Европската Унија. Тоа е процес во кој се вклучени многу институции и бара сериозна посветеност“, нагласи министерот.

На прашањето дали Македонија, по отворањето на кластерите за Украина и Молдавија, останала во групата со Косово и Босна и Херцеговина, Сали категорично одговори дека државата не се гледа себеси во таа категорија.

„Не сме во таа група, затоа што работиме интензивно да не бидеме таму. Динамиката со која работиме покажува дека не сме дел од таа група“, изјави тој.

Според Сали, Македонија има амбиција повторно да се позиционира меѓу предводниците во евроинтегративниот процес, а како клучен момент го посочи извештајот што државата треба да го достави до средината на јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сали: Внесувањето на Бугарите во Уставот не…

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања,…

Ахмети се сретна со в.д. амбасадорката на…

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али…

Ребалансот на Буџетот утре на владина седница

Ребалансот на Буџетот ќе се  разгледува утре…

(Видео) Полицаец убиен во престрелка пред супермаркет…

Канадски полицаец е убиен откако напаѓач отворил…

Скопјанец избоден со остар предмет

Во скопски Бит Пазар, ноќеска околу полноќ,…