Самохраните мајки од Македонија излегуваат на протeст, ова се нивните барања

t

„Една може“ како организација која се залага за заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на родовата еднаквост и женските права го организира првиот протест во историјата на Македонија посветен на самохраните мајки.

Мирниот протест ќе се одржи на 13.02.2022 година во Скопје со почеток од 13:00 часот со првична собирна локација од „Жена Парк”, а ќе се движи регулирано се до Министерството за труд и социјална политика.


-Една може ве поканува да учествувате и да го поддржите протестниот марш на 13.02.2022 година во Скопје со почеток од 13:00 часот со првична собирна локација од „Жена Парк”. Мирниот маршот ќе се движи регулирано се до Министерството за труд и социјална политика. Со ова сакаме да ја искажеме и прикажеме сликата на самохраните и еднородителските семејства пред целата македонска јавност и сите чинители во македонското општество. Со задоволство ве покануваме сите, без разлика дали сте самохрани родители, разведени партнери, индивидуи, поддрувачи, млади и возрасни, новинари и репортери, вработени и невработени, јавни личности и политичари. Темата за самохраните и еднородителските семејства не смее да биде табу! Не повеќе, соопштуваат од организацијата „Една може“.

Барањата ќе се однесуваат најмногу на зголемување на социјалната помош, детски и образовен додаток за сите деца од еднородителски семејства, да се превземат мерки за тоа социјалните центри да постапуваат согласно законските правила, најчесто кога се одлучува кому ќе припадне детето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протест на родителите и учениците од ОУ…

Денес, 8 мај 2022, во 11.00 часот…

И пожарникарите на улица: Синдикатот се закани…

Независниот синдикат на државна администрација, во чиј…

Покарј штрајкот, вработените во Управата за водење…

Вработените во Управата за водење матични книги…

(Видео) Протест на лозарите и овоштарите во…

Лозароовоштарите од Кавадарци денеска излегоа на протест…

(Фото) Протест на ССМ, работниците порачаа: Не…

Не може, работодавачи и газди, да ви…