Објавено на:

Само во првиот месец од годината, во светот убиени 12 новинари

t

Невладината организација „Прес амблем кампејн“ (Press Emblem Campaign (PEC), со седиште во Женева, соопшти дека минатиот месец во светот убиени се 12 новинари, пренесува Агенција Анадолија.

Од невладината организација, која работи на обезбедување на законските права и безбедноста на новинарите низ светот, се нагласува дека „шокантно е тоа што во првиот месец од 2022 година убиени се рекорден број новинари“.

Во соопштението организацијата повика на правда и соодветна отштета за ужалените семејства на убиените новинари.

Блез Лемпен, генералниот секретар на „Прес амблем кампејн“, осудувајќи ги убиствата, рече: „Првиот месец од 2022 година започна со тажни вести, 12 медиумски работници ги загубија животите.“

Лемпен нагласи дека се убиени четворица новинари од Мексико, по двајца од Хаити, Хондурас и Пакистан и по еден новинар од Казахстан и Мјанмар.

Според податоците на невладината организација, во 2021 година убиени се 79 новинари од 29 земји.

Во различни напади животот го загубија 12 новинари во Авганистан, 10 во Мексико, 7 во Пакистан, 6 во Индија и 4 на Филипините.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Акција во Турција, приведени шест новинари: Обвинети…

Шеснаесет турски новинари денеска се приведени и…

Хаос во Донбас: Нападнат конвој за новинари…

Дописникот на RT за малку избегна целен…

ЗНМ и ССНМ бараат посебно одделение во…

Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија…

Купил две пушки и 375 куршуми легално:…

Деветнаесетте деца и двајцата наставници убиени во…