Сана Марин: Финска наскоро ќе донесе одлука за евентуален влез во НАТО

Финска во рок од неколку недели ќе донесе одлука за можна кандидатура за членство во НАТО како резултат на руската инвазија на Украина, изјави денеска во Стокхолм финската премиерка Сана Марин.
– Мислам дека тоа ќе се случи наскоро. Зборуваме за недели, а не месеци, рече таа на заедничката прес-конференција со нејзината шведска колешка Магдалена Андерсон.
До неодамна, мнозинството Финци не сакаа членство во НАТО, но, руската инвазија на Украина ги натера на некои преиспитувања на ставовите. Најновите анкети покажуваат дека сега мнозинството дава поддршка за членството во Алијансата.
Шведска, исто така, не ја исклучува можноста за приклучување кон западната воена алијанса.
Русија веќе ги предупреди и Финска и Шведска дека е против нивно придружување на НАТО. Според Русија, потегот нема да ѝ донесе стабилност на Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Поздрав од екипата на Инфомакс до…
Еве ви во живо слика да не…
(Видео) Димитриоски емотивно за ДНК: Најверните пријатели,…
Жаре Димитриоски од „Еден на еден“ преку…
(Видео) Митовски со детали за средбата со…
Хахаха, ме фативте П.С. Зборевме на англиски…
Во тек на седумдневна жалост пуштале музика…
На 21/22.03.2025 во Скопје, во угостителски објекти…
Црвен крст: Досега собрани 51.8 милиони денари,…
Од Црвениот крст денеска соопштија дека досега…