Објавено на:

Светот го демне глад: Русија ја продолжува забраната за извоз на сончоглед

t

Руското Министерство за земјоделство ја потврди прелиминарната прогноза за жетвата на житото и вети дека доколку се постигне тој резултат ќе извезе најмалку 50 милиони тони жито.
Според новинската агенција Интерфакс, министерството во моментов предвидува жетва од 130 милиони тони.
„Со овој резултат, можеме да имаме извоз од 50 милиони тони“, рече во петокот заменик-министерот за земјоделство Оксана Лут, додавајќи дека извозот може да биде уште поголем.
Од друга страна, сегашната забрана за извоз на сончоглед ќе биде продолжена и по август. Лут тоа го оправда со недостигот на домашни резерви за производство на сончогледово масло.
Русија, како и Украина, е еден од најголемите светски извозници на жито. Војната на Путин во Украина доведе до значително зголемување на светските цени на храната.
Експертите стравуваат од глад во делови од светот поради блокираните украински пристаништа. Москва ги отфрли обвинувањата дека уценува со глад, а потоа го обвини Западот дека ја влошува кризата со храна со воведување санкции кон Русија.
Германскиот канцелар Олаф Шолц во петокот рече дека „наративот на Путин“ за претстојната криза со храна мора да се побие.
„Кризата со храна е предизвикана од војната што ја започна, а потоа се обидува да ги обвини оние кои стојат покрај Украина“, рече Шолц.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…