СДСМ: Блокадата на Собранието е нарачана од Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во време кога државата како и целиот континент се соочува со економска и енергетска криза, наместо да понуди конструктивност, најавува нови засилени блокади, реагираат од СДСМ.
-Очигледно е дека Мицкоски дејствува по наредба на неговиот шеф во Будимпешта, Никола Груевски, како што е очигледно дека ваквото засилено деструктивно однесување доаѓа само десеттина денови по објавената Црна листа на САД каде се најде и Груевски.
Седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ закажана за вечерва е обична фарса.
Одлуката е веќе донесена, нарачана е од Груевски, а Мицкоски со своите соработници само ќе ја спроведе, соопштија од СДСМ.
Мицкоски, чија иницијатива за блокада се очекува и формално да ја одобри Извршниот комитет на партијата, се правда дека на ваквиот потег го натерало однесувањето на владата предводена од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тасевски повикува на “револуција” во СДСМ: Сите…
Вие како членови на СДСМ мора да…
За несреќата на „Беса транс“ и пожарот…
Информацијата за автобуската несреќа на превозната компанија…
Собранието денеска ќе ја одржи 74-тата седница
Собранието денеска треба да ја одржи 74-тата…
Делегација на СДСМ се сретна со Генчовска:…
Партиска делегација на СДСМ, заменик претседателката Сања…
Каевски: Деловникот на Собранието треба да се…
Пратеникот од СДСМ Дарко Каевски за Утрински…