СДСМ ги поддржува протестот и барањата на работниците за зголемување на минималната плата

t

СДСМ го поддржува протестот на работниците и Сојузот на синдикатите во борбата за достоинствени плати и зголемување на минималната плата, соопштија од партијата.

„Ги разбираме револтот и незадоволството кај работниците и целосно ги поддржуваме нивните барања, за зголемување на минималната плата на 600 евра и за зголемување на платите за 100 евра во останатите сектори. Граѓаните, работниците живеат тешко, инфлацијата и покачените цени го јадат стандардот на работниците, сиромаштијата расте, а платите стојат во место. Владата на Мицкоски нема пари за зголемување на минималната плата, пари има само за тендери. 161 тендер за една фирма, 51 тендер преку општините за друга фирма, 9 милиони евра за тендери со двајца вработени, 1,2 милиони евра за тендери преку Пошта…“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Од најголемата опозициска партија нагласуваат дека за време на владеењето СДСМ парите завршувале кај граѓаните.

„Ја зголемивме минималната плата од 8 000 денари на над 20 000 денари, а просечната плата од 22 000 денари на над 42 000 денари. И како опозиција СДСМ стои зад работниците. СДСМ предлагаше закон за покачување на минималната плата, но власта го одби. Поднесовме законски решенија и амандмани во Собранието за покачување на платите во различни сектори, но власта и тоа го одби. Обврска на Владата е да обезбеди покачување на минималната плата наместо да увезува ‘економски работници’, а да извезува квалификувани кадри надвор од земјата“, посочуваат од СДСМ.

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за утре во 17 часот најави протест во Скопје. Главното барање е зголемување на минималната плата од сегашните 397 евра на 600 евра, како и на сите други плати за сто евра.

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, вчера во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1 даде одговори зошто протестот е закажав за в среда и зошто во 17 часот, но и зборуваше за следните чекори по неговото одржување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ ги поддржува протестот и барањата на…

СДСМ го поддржува протестот на работниците и…

МНР: Бугарското МНР сѐ почесто се позиционира…

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…

Возачите на камиони велат дека доколку е…

Во недела на пладне, возачите во регионот…

МНР на Бугарија: Муцунски да не одбива…

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија…

Вучиќ не ја исклучува можноста земјите од…

Српскиот претседател Александар Вучиќ не ја исклучува…