СДСМ: Истите фирми добиваат тендери, а истите вршат надзор и проектирање на проектите
Опозициската СДСМ обвини дека постои организирана тендерска мрежа вредна над 100 милиони евра, во која, како што наведуваат, едни исти компании добиваат милионски договори од институции и општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата соопштија дека нивниот Антикорупциски тим продолжува да ги објавува, како што велат, доказите за фаворизирање на одредени фирми во постапките за јавни набавки.
Според СДСМ, по претходно објавените податоци за компаниите „Ленди Груп“, „Пирамид Билдинг Солушнс“ и „Мастеф“, кои добиле десетици тендери во изминатите две години, истрагата покажала дека на голем дел од проектите надзорот и проектирањето ги вршат две компании – „МГ Проект“ и „МБМ Архитекти“.
„Речиси на сите проекти каде што овие фирми се јавуваат како изведувачи, надзорот и проектирањето ги вршат само две компании – ‘МГ Проект’ и ‘МБМ Архитекти’. Во десетици општини и институции, сите раководени од ВМРО-ОКГ, истата шема се повторува“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата тврдат дека во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ двете компании бележат значителен раст на склучените договори. Според нивните податоци, „МГ Проект“ склучила договори во вредност од 2,4 милиони евра, додека „МБМ Архитекти“ договори во вредност од 2,9 милиони евра.
СДСМ оценува дека не станува збор за случајност, туку за „организирана бизнис-шема преку која се вртат милиони евра јавни пари“, и го повика Јавното обвинителство да отвори постапка и да ги испита наводите.
Од опозициската партија најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат да објавуваат информации за, како што велат, тендерски шеми и фаворизирање на компании при доделувањето јавни набавки. Воедно ги повикаа граѓаните да пријавуваат сомнежи за корупција преку нивната дигитална платформа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Истите фирми добиваат тендери, а истите…
Опозициската СДСМ обвини дека постои организирана тендерска…
На улица во Куманово пронајдени три деца…
Три малолетни деца – петнаесетгодишно девојче и…
ФИФА му дозволи на Трамп да го…
Американскиот претседател Доналд Трамп лично ќе им…
На Врховен му фалат половина судии, а…
Државниот завод за ревизија денеска го објави…
Спречен увоз на над 23 тони пилешко…
Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и…