СДСМ: Колку чинеше вчерашната прослава во Струмица?

t

СДСМ поставува прашања за трошоците поврзани со прославата организирана од ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, барајќи одговор колку средства биле потрошени за настанот.

Од партијата прашуваат дали трошоците изнесувале 300.000 или 500.000 евра, односно дали биле и повисоки, посочувајќи на организиран превоз со автобуси, како и наводно ангажирање лица од јавната администрација од различни делови на државата.

Во соопштението се наведува и дека, според нив, настанот бил организиран со високи трошоци, кои споредуваат со ангажман на познати светски изведувачи.

-Додека народот се мачи да врзе крај со крај, додека цените незапирливо растат а сиромаштијата се зголемува, додека економијата тоне ВМРО со народни пари и партиската војска во јавна администрација ја слави безидејноста на своето владеење и изолацијата од ЕУ. Нема пари за повисоки плати, нема пари за субвенции за земјоделците, нема пари за 600 евра минимална плата, нема пари за поддршка на младите, нема пари за мерки, нема пари за лекови, пари има само за криминални тендери и луксуз за одлепената од реалност владејачка ВМРО. Колку платија граѓаните за Мицкоски да ги слави неуспесите и извештајот на Европскиот парламент за изолацијата на Македонија?, прашуваат од опозицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски ја напаѓа СДСМ и се крие…

Соопштение за јавност – реакција на изјавата…

СДСМ: „Мој ДДВ“ не работи затоа што…

Соопштение за јавност Апликацијата „Мој ДДВ“ пет…

СДСМ бара итна интервенција за обезбедување непречен…

Кризата со откупот на млеко се зголемува,…

СДСМ со програма за млади: 30.000 евра…

Прес конференција на СДММ, Бојан Цветаноски Вистина…

Жерновски: Пари нема, резултати нема – затоа…

„Христијан Мицкоски повторно сам се демантираше. Откако…