СДСМ: Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта!
Од СДСМ му реплицираат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вечерва прогласи апсолутна победа на локалните избори, кои финишираа со денешното гласање во четири општини. Велат дека Мицкоски е во паника, бидејќи опозицијата освоила двојно повеќе гласови од власта!
-Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција вечерва да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии.
Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови, а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо, велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Мицкоски е во паника, опозицијата освои…
Од СДСМ му реплицираат на лидерот на…
Македонското МНР го осуди инцидентот со кршењето…
Министерството за внатрешни работи информираше дека инцидентот…
ДИК објави првични неофицијални резултати од гласањето…
Државната изборна комисија (ДИК) ги објави првичните…
Мадуро испрати порака од затвор: Ќе продолжиме…
Николас Мадуро Гера, син на уапсениот венецуелски…
Германски министер за најавите на Трамп: Меѓународното…
„Исклучиво од Данска и Гренланд зависи да…