СДСМ: Мицкоски знае дека СДСМ е зајакнат, затоа веќе работи на создавање нов сателит

t

Откако ЗНАМ се распадна и повеќе не постои како функционална структура, Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на нов сателит. Последните двајца преостанати во ЗНАМ – Горан Минчев и Максим Димитриевски сега се борат за фотелји. Кога и таа последна битка ќе заврши, бидејќи можеби и нема да останат во Владата, Мицкоски ќе остане без инструментот што го користеше за да го ослабне опозицискиот блок. Затоа веќе започнува со создавање на ново „здружение“. Тоа е дел од истата стратегија што ја применуваше и досега – создавање на вештачки политички субјекти чија единствена цел е да го ослабнат опозицискиот блок и да му обезбедат дополнителни гласови на следните избори“ соопштија денеска од СДСМ.

Од партијата велат „Огромниот пад на ВМРО од 150.000 гласови, целосно урнатиот рејтинг на Мицкоски поради лаги и економски колапс, како и фактот дека граѓаните сфатија дека биле измамени на минатите избори, го принудуваат да размислува за предвремени избори. Мицкоски знае дека СДСМ е зајакнат, дополнително, како дел од широкиот граѓански Фронт за вистина и правда, претставува сериозна закана по неговата власт. Затоа му е потребен нов сателит, ново орудие кое ќе работи на повеќе страни и ќе се обиде да го повтори сценариото од минатите избори“.

„Ова е класичен пример на политичко инженерство од најлош вид. Наместо да се соочи со реалните проблеми на граѓаните, Мицкоски продолжува да гради паралелни структури чија единствена мисија е да ја одржат неговата власт преку манипулација и поделба на гласовите. Мицкоски не прави нова политичка сила. Тој прави нов механизам за контрола на изборниот процес и за поделба на опозициските гласови. Исто како што го правеше и со ЗНАМ. Двапати истата лага нема да помине“ велат од опозициската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски знае дека СДСМ е зајакнат,…

Откако ЗНАМ се распадна и повеќе не…

Бугарите се скараа за Путин

Патријархот Кирил дојде во Бугарија „како духовен…

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад –…

Иранската револуционерна гарда им се закани на…

САД го нападнаа Иран како одговор на…

Американските воени сили извршија воздушни напади врз…

ДУИ на протест во Тетово против укинувањето…

Со транспаретни во рацете, веејќи албански знамиња…