СДСМ: Мицкоски не одговара зошто одел на море со владин авион
„Ниту од Владата ниту од ВМРО-ОКГ нема одговор зошто Мицкоски одел на море со владиниот авион. Нема одговор кој бил со Мицкоски. Нема одговор ниту колку тоа луксузирање на Мицкоски врз грбот на народот ги чини граѓаните“, пишува во соопштение издадено попладнево опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ).
„Дефокусот со некакви споредби за хеликоптер во време на пандемијата е очаен, никогаш не се случило министер или премиер од редовите на СДСМ да оди море со владиниот авион. Кога постои држава со домаќинска политика, се знае како и за што се користат државните ресурси. А кога државата се гледа како приватен бизнис, како што Мицкоски ја гледа, тогаш се случува вакво нешто. Да се вратиме на клучните прашања, зошто Мицкоски одел на море со владин авион и кој бил со него?“, велат од опозициската партија.
Откако таа денеска обвини дека Мицкоски го користел владиниот авион за приватни потреби, од ВМРО-ДПМНЕ возвратија со контраобвинување дека поранешниот премиер Зоран Заев и тогашниот министер за здравство, Венко Филипче, кој сега го предводи СДСМ, летале со хеликоптер од Скопје до Прилеп во времето на пандемијата.
„Зоран Заев со Венко Филипче и Јагода Шахпаска, со хеликоптер на МВР, летаа до Прилеп на означување почеток на изградба на нова енергетски ефикасна градинка во сред пандемија. Заев и Филипче наместо за борба против ковид 19, парите ги трошеа за летање со хеликоптер од Скопје до Прилеп“, наведоа од владејачката партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Мицкоски не одговара зошто одел на…
„Ниту од Владата ниту од ВМРО-ОКГ нема…
Мицкоски ја избегна блокадата од синдикалците, дојде…
Синдикалците денеска на протестот пред Владата не…
Бугарија достави писмо до Советот на Европа…
До Советот на Европа е доставено писмено…
Вчера уапсени 8 возачи поради возење без…
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници…
Канада официјално се приклучи на програмата на…
Министерот за одбрана Дејвид Мекгинти вели дека…