СДСМ одбива извинување: „На криминалци не се извинуваме“

t

СДСМ денеска реагираше на изјавата на директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, кој побара извинување од партијата поради обвинувањата дека неговата семејна фирма добила тендери вредни 5,5 милиони евра. Од опозициската партија категорично одбија да се извинат и најавија нови информации поврзани со случајот.

„Граѓаните денеска ги видоа сите докази, факти и документи што ги објави Антикорупцискиот тим на СДСМ. Семејната фирма на Томовски го чисти буџетот — 5,5 милиони евра и 161 тендер. Особено им тргнало откако ДПМНЕ дошла на власт“, стои во соопштението на СДСМ, од каде што додаваат дека деловната активност на фирмата пораснала за 306 проценти, а само во 2025 година, според нив, добила тендери во вредност од речиси половина милион евра.

Од опозициската партија посочуваат и дека во фирмата се појавуваат името на таткото на Томовски и близок роднина, што, според нив, ја потврдува тезата за „фамилијарни бизниси“ блиски до власта.

„Томовски бара извинување? За тоа што семејната фирма добила 161 тендер вреден 5,5 милиони евра? Нема шанси. На криминалци не се извинуваме“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека нивната борба против корупцијата продолжува, а најавуваат и нови обелоденувања.

„Заканите на Томовски не нѐ плашат, туку не мотивираат. Утре на нова прес-конференција ќе објавиме дополнителни детали. Работата не е завршена“, стои во реакцијата на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ одбива извинување: „На криминалци не се…

СДСМ денеска реагираше на изјавата на директорот…

Орбан: ВМРО стана една од најуспешните политички…

Претставници на сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ упатија…

Мицкоски од Кавадарци: Националниот идентитет не е…

„Македонија може да биде европска само ако…

Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно…

НАТО внимателно ги следи обидите на Русија…

Мицкоски: Денес не зборуваме за бројки, зборуваме…

ВМРО-ДПМНЕ денес го одржува XVIII конгрес во…