СДСМ: Одлуката на САД за визите е порака, стануваме земја од „третиот свет”
Одлуката на Соединетите Американски Држави да ја суспендираат обработката на визи за македонските граѓани не е „техничка пауза” туку предупредување. Стануваме земја од „третиот свет”, пишува во соопштението на СДСМ.
Македонија денес ја плаќа цената на погрешните политики на Мицкоски што водат кон затворање, изолација и губење на довербата кај стратешките партнери.
Надворешната политика на оваа влада е сведена на антиамерикански активности на најблиските соработници на Мицкоски, како неговиот вицепремиер Стоилковиќ, кој има отворени проруски ставови, директни врски со Москва.
Истовремено, сведоци сме на агресивна анти-ЕУ кампања. Наместо реформи, намерно се продуцираат судири со Грција и Бугарија, повторно се отвораат затворени прашања, со единствена цел – да се оправда изолацијата и да се избегнат вистински решенија.
Во таа смисла, мерката на САД е индикатор за тоа каде реално се наоѓа Македонија на меѓународната мапа: во периметарот на Сомалија. Ова се само првите чекори. САД веќе носат и Закон за Западен Балкан, насочен директно кон борбата против криминалот и корупцијата. СДСМ ќе продолжи јасно, гласно и одговорно да ја разоткрива оваа опасна агенда на власта и да се бори против политиките на изолација, криминал и разорување на стратешкото партнерство со САД. – велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Одлуката на САД за визите е…
Одлуката на Соединетите Американски Држави да ја…
Зеленски: Украинскиот тим оди во САД за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави…
Мицкоски: Во деновите кои следат ќе има…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посета на…
СДСМ: Анти-ЕУ и анти-САД кампања со полна…
Од вчера со полна пареа започна кампања…
Родригез: Ако морам да одам во САД…
Привремениот претседател на Венецуела, Делси Родригез изјави…