СДСМ: Отпуштени 50 македонски работници, се реализира планот за „економските работници“

t

Според СДСМ, компанијата „Бехтел и Енка“ отпуштила педесетина македонски работници ангажирани на изградбата на Коридорот 8, иако нивните договори за работа се уште важат. „На работа се задржани претежно странски државјани“, пренесуваат од партијата.

„Најави за отпуштања на македонски работници има и во други странски компании. Се реализира подготвениот план за ‘економските работници’“, велат од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека „Владата на Мицкоски ги отвори вратите за така наречените ‘економски работници’ со одлука за нови 10.000 странски работници во 2026 година, иако во Македонија се уште има речиси 100.000 невработени“.

СДСМ посочува дека владата прво склучила „стратешки договор“, а потоа го сменила Законот за странци, „ги олесни условите за доаѓање, престој и работа во Македонија“. „Се скратија процедурите, се продолжи времетраењето на дозволите. Со овие законски измени се создаде правна рамка за долгорочно задржување во државата, секако ако има ‘стратешки партнер’“, додаваат од партијата.

„Владата одби да ја покачи минималната плата на 600 евра и ги држи македонските работници со најниски плати во регионот и во Европа. Со носењето ‘економски работници’ ќе се намали цената на трудот и платите за работниците нема да пораснат. Не тоа не се мигранти, тоа се ‘економски работници’“, завршува соопштението на СДСМ. објави Скопје1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Отпуштени 50 македонски работници, се реализира…

Според СДСМ, компанијата „Бехтел и Енка“ отпуштила…

(Видео) ЗНМ реагира за односот на Тошковски…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја…

Битиќи: „Ќе дојде време кога солзите ќе…

Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во обраќање…

Орбан: Битката за нафтоводот „Дружба“ е егзистенцијално…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска порача дека…

Светот пред нов нафтен шок? Експертите предупредуваат…

Глобалните пазари се на раб на нов…