СДСМ: Парното поскапе, власта уште посилно удира по џебот на народот

t

СДСМ со реакција по повод одлуката од РЕгулаторна да поскапи парното греење за Скопје за 5,03%.

Од СДСМ велат дека сето ова е потврда на, како што рекоа, неспособноста на власта која што не успеа навреме да обезбеди поефтин природен гас.

„Власта бездушно удира по џебот на граѓаните со поскапување на парното.

Премиерот Христијан Мицкоски не презеде ништо и не ги заштити граѓаните од серијата поскапувања на цените на производите. Со дебаклот на „кошничките“ профитираа големите трговци кои испумпаа над 10 милиони евра од џебовите на граѓаните затоа што владата на Мицкоски тоа им го озоможи.

Платите стагнираат, власта ги закова и не сака да ги покачи.

И додека владата лета во облаци и планира да купува авион, Мицкоски одбива да го прифати предлогот за поголема минимална плата за работниците.

Сега згора на тоа сега на барање на ЕСМ се покачува цената на парното.

Поскапувањето на парното е потврда за неспособноста на власта која што не успеа навреме да обезбеди поефтин природен гас.

Може ли до толку оваа власт да не мисли на сопствениот народ како преживува?

Голем број од граѓаните не можат да обезбедат основни производи, се борат секој ден со големата скапотија, мака мачат да ги прехранат семејствата и затоа се спремни и да ги бојкотираат маркетите.

Само Мицкоски мува не го лази“, стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Појасот Газа за 24 часа убиени…

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во…

Вучиќ најави голема воена парада во Белград…

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на…

Расчистена кражба после година и пол: Од…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

ДУИ и Алијанса на Таравари: Стоилковиќ ги…

ДУИ и Алијансата за Албанците на Арбен…

Постапка против осомничен за тешка кражба

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…