СДСМ поплука по се што кажа: Вработиле 32 илјади нови административци за 5 години, претходната Влада на ВМРО го намалила бројот на вработени

t

Учеството на бројот на вработените во јавниот сектор во вкупниот број на вработени во 2016 година беше 23,2 отсто. Во 2021 година тој процент е 25,2 отсто или нови работни места за 32.000 лица, покажуваат бројките на Државниот завод за статистика.

Во 2016 година бројот на вработени лица во Македонија бил 723.550, од кои во приватниот сектор работеле 555.894 лица, а во јавниот сектор 167.657 лица.

Во 2021 година бројот на вработени бил 795.024, од кои во приватни компании плата земале 594.949 лица, а од буџетот 200.075 лица. Ова е зголемување за цели 32.000 лица или во последните три години годишно се вработувале по речиси 10.000 лица.

Пад на бројот на вработените во јавниот сектор (за 25.881), во споредба со новите вработувања во приватниот сектор (179.028) е регистриран во периодот од 2006 до 2016 година. Во тој период е намален процентот на вработените во јавниот сектор од речиси 34 на 23 % или за 10,8 процентни поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…

МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…

Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…

Турчин приведен во моментот кога сакал да…

На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…

По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…

Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…