СДСМ: Тие се наши комшии, малцинства во Уставот сега, Европа сега
Малцинствата не се странци. Малцинствата се наши комшии, наши пријатели, наши другари, брачни партнери, колеги и сограѓани. Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци, Хрвати па и Бугари како малцинска заедница – сите се македонски државјани, велат од СДСМ.
„Прашањето за малцинствата не е бугарско прашање. Тоа е европско прашање. Ние преговараме со Европската Унија, а не со Бугарија за членство во ЕУ. Со внесувањето на малцинствата во Уставот се зајакнува единството и кохезијата на целото општество. Тоа го демантира бугарскиот наратив дека не постојат Македонци. Во Македонија се малцинства Бугарите, а во Бугарија Македонците. Уште една потврда на националниот идентитет. Ние сме една држава со еден македонски народ и со сите малцинства кои живеат во неа“, велат од СДСМ.
Опозицијата вели дека власта ја плаши јавноста со „бугарска опасност“ за да ја блокира европската иднина на Македонија.
„Криминалната организација ВМРО намерно ја плаши јавноста со „бугарска опасност“ за да ја блокира европската иднина на Македонија и да ја заштити својата криминална мрежа. Малцинствата не го загрозуваат македонскиот идентитет. Тие го зајакнуваат. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега“, стои во соопштението на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Тие се наши комшии, малцинства во…
Малцинствата не се странци. Малцинствата се наши…
Жерновски: Премиерот требаше да си поднесе оставка
„Во нормална држава премиерот Христијан Мицкоски требаше…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го надмина и Заев, како…
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение упати остри критики…
Апасиев: СДСМ го напушти процесот за воведување…
Парламентарната делегација, предводена од претседателот на Собранието,…
Стојаноска: До кога Ислам Абази ќе биде…
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, денеска на…