СДСМ ја критикува реконструкцијата на Владата: Нов театар на тендер коалицијата
Од СДСМ со критики до власта за најавената реконструкција на Владата. И покрај тоа што не се споменаа имиња, сепак, од опозицијата испратиј асериозни критики, нарекувајќи ја „нов театар“.
„Ова таканаречената реконструкција не е ништо друго освен козметичка операција и обиди за мачкање очи на јавноста.
Наместо да се соочат со вистинските проблеми кои ги мачат граѓаните, економскиот колапс, падот на инвестициите за 60 отсто, буџетскиот дефицит кој е скоро целосно потрошен, и масовното заминување на младите – власта продолжува да си игра со министерски фотелји.
Како да постои некаква разлика, со оглед на тоа што Мицкоски сѐ води сам, исто како и во својата партија.
Реконструкција без вистински реформи, без одговорност и без промена на курсот е само нова шминка.
Граѓаните не сакаат „нови“ министри кои ќе продолжат со истата политика на долгови, изолација и сиромаштија.
Сакаат вистински резултати и вистинска одговорност“, велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ ја критикува реконструкцијата на Владата: Нов…
Од СДСМ со критики до власта за…
Мицкоски ја напаѓа СДСМ и се крие…
Соопштение за јавност – реакција на изјавата…
СДСМ: „Мој ДДВ“ не работи затоа што…
Соопштение за јавност Апликацијата „Мој ДДВ“ пет…
СДСМ бара итна интервенција за обезбедување непречен…
Кризата со откупот на млеко се зголемува,…
СДСМ со програма за млади: 30.000 евра…
Прес конференција на СДММ, Бојан Цветаноски Вистина…