Објавено на:

СДСМ: 1 Мај е ден на борба, а не на прослава

t

СДСМ преку соопштение испрати порака дека 1 Мај е ден на борба, а не на прослава, изрази поддршка за најавениот протест на работниците, оценувајќи дека нивната состојба е влошена и дека институциите не преземаат доволно мерки за подобрување на животниот стандард.

Од партијата во соопштението посочуваат дека, наместо празнично одбележување на Меѓународен ден на трудот, работниците се принудени да излезат на улица поради, како што велат, ниските примања и растот на трошоците за живот. Според СДСМ, нема зголемување на платите, а не е прифатен ниту нивниот предлог за минимална плата од 600 евра.

Во соопштението се наведува дека цените на основните производи и трошоците за живот растат, при што синдикалната кошничка, според нив, бележи значително зголемување во последните месеци. Партијата оценува дека Владата не презема конкретни чекори за заштита на стандардот на граѓаните.

СДСМ изразува поддршка за синдикалниот протест, наведувајќи дека станува збор за борба за повисоки плати, подобри услови за работа и достоинствен живот.

Воедно, од партијата упатуваат критики кон Владата, тврдејќи дека фокусот не е ставен на интересите на работниците, туку на други приоритети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: 1 Мај е ден на борба,…

СДСМ преку соопштение испрати порака дека 1…

Славјанка Петровска се огради од Рубин Земон…

Пратеничката Славјанка Петровска се огради од Рубин…

Куновска: Секојдневно се прашувам, можно ли е…

Софија Куновска повторно излезе со критики до…

Филипче на X: Со Мицкоски Македонија падна…

Со Мицкоски Македонија падна за 3 места…

(Видео) Крмов: СДСМ во страв од Левица…

По денешниот состанок на работната група за…