СДСМ: 2 години Влада на Мицкоски – неисполнети ветувања и намален стандард на граѓаните
„Две години од владеењето на Христијан Мицкоски, наместо ветениот подобар живот, граѓаните добија економски неуспех, намален животен стандард и секојдневна борба за егзистенција.
Мицкоски ветуваше повисоки плати, подобар животен стандард и повеќе пари кај граѓаните. Наместо тоа, граѓаните добија маратон во сиромаштија. Македонија се соочува со сериозни економски проблеми после 2 години.
Платите на македонските работници се најниски во Европа и не го следат растот на цените, граѓаните имаат помалку пари. За едно четиричлено семејство се потребни речиси 70.000 денари, што значи дури 3 минимални плати се потребни само за основните трошоци.
Буџетот е практично пред колапс, до јуни е потрошен речиси целиот планиран дефицит за целата 2026 година во износ од 670 милиони евра.
Ребалансот на Буџетот е неизбежен и ќе биде тежок товар за граѓаните и стопанството.
За само две години странските директни инвестиции се намалени за околу 60 проценти, а јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра. Државата се задолжува рекордно, а граѓаните живеат сè потешко.
Нема пари за повисока минимална плата, нема пари за значително зголемување на платите, нема пари за пензионерите, за земјоделците и за младите. Но затоа има пари за луксуз, за партиски привилегии и за нови задолжувања.
Две години Влада на Мицкоски се две години на неисполнети ветувања, економски неуспех и изолација.
Сега на сите им е јасно дека граѓаните се излажани. Владата на Мицкоски не ги решава проблемите на граѓаните – таа ги создава и ги продлабочува. А цената за тие политики секојдневно ја плаќаат граѓаните, кои живеат сè потешко и се подалеку од ветениот подобар живот“, се вели во соопштението на СДСМ кое го пренесуваме интегрално.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: 2 години Влада на Мицкоски –…
„Две години од владеењето на Христијан Мицкоски,…
ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче и СДС, патот до…
ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно упати критики кон претседателот…
СДСМ: Намалената невработеност е резултат на иселувањето
Намалувањето на стапката на невработеност, кое го…
СДСМ ја критикува реконструкцијата на Владата: Нов…
Од СДСМ со критики до власта за…
Мицкоски ја напаѓа СДСМ и се крие…
Соопштение за јавност – реакција на изјавата…