СДС нервозни и фрустрирани зошто Груби е уапсен и може да изнесе податоци за аферите и криминалите на Заеви, Филипче и Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

t

Ги разбираме од СДС, тие се нервозни и фрустрирани зошто Артан Груби е уапсен, и сега може да изнесе податоци за аферите и криминалите за кои здружно работеа со Зоран Заев, Вице Заев, Оливер Спасовски, Венко Филипче.

Затоа од СДС се обидуваат да ги затскријат трагите и на овој начин да се спасат себе си, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако од опозициската СДСМ на прес-конференција истакнаа дека ДУИ го спасува Мицкоски со враќањето на Груби.

– ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување.

После денешниот театар на македонската граница веќе на сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор.

СДСМ ова го најави уште во декември 2024 година. Сега само се потврди пред очите на македонската јавност.

Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати.

На овој начин ВМРО со поддршка од ДУИ сака да го покрие најголемиот нарко-скандал со 5 тони дрога кој води до врвот на Владата на Мицкоски. – велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДС нервозни и фрустрирани зошто Груби е…

Ги разбираме од СДС, тие се нервозни…

СДСМ за враќањето на Груби: ДУИ го…

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска: Секој…

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања: Кој…

Власта на СДС целосно го зароби судството…

Жерновски: Скандал, портпаролката на Владата, Митева потврди…

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј…

Лажна вест е тврдењето на СДСМ, дека…

Откако во јавноста излегоа информациите поврзани со…