Седница на Владата во 11 часот: Ќе се одлучува за санкции кон Русија и евакуација на македонско население од воените подрачја

t

Владата на Република Македонија, денеска, 24.02.2022 година (четврток) ќе ја одржи 17-тата редовна седница.

На оваа седница на разгледување и усвојување е Информацијата за новиот пакет на рестриктивни мерки на ЕУ во поглед на ситуацијата во Украина со препорака за придружувањето на Македонија кон сите одлуки на ЕУ за овој вид на рестриктивни мерки.


Министрите денеска ќе ја разгледаат и Информација за потребата од обезбедување сместување на државјани на Македонија и членовите на нивните семејства по нивна евакуација од Украина.

За заклучоците и одлуките од седницата, којашто е предвидено да започне во 11:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ајде мајката: Владини службеници на државен трошок…

Вработени во владината служба за општи и…

Гласен текстилец: Имаме збунета влада – Се…

Зголемувањето на минималецот го притиска стопанството. 90-те…

Владата денеска напладне ќе ја одржи редовната…

Владата денеска напладне ќе ја одржи редовната…

Маричиќ денеска ќе учествува на седмиот годишен…

Заменик претседателот на Владата ќе биде говорник…

Владата смирува: Македонија не се снабдува со гас…

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски, пред малку…