Секој со своја желба: Села бара осум изборни единици

t

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 го повтори ставот на неговата партија дека доколку дојде до промена на изборниот закон тогаш тие ќе бараат да има 8 изборни единици, а не една како што бараат помалите партии.

Според него со осум изборни единици се добива реалната слика во државата поделена по економски региони, решение за кое вели дека има и анализи кои го потврдуваат тоа како најдобро можно решение.


Што се однесува до отворените листи, Села рече дека тоа е многу добро решение за подобрување на демократските процеси во државата.

„Тоа би било добро и за самите партии“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Селата ќе останат празни, градовите пренаселени –…

Во ноември 2021 година се издадени 406…

(Видео) Урнебесно – Села честиташе Велигден за…

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села,…

Ковачевски нema никаков легитимитет, вели Села

Зијадин Села нема да поднесе оставка од…