Секој трет договор за јавна набавка е склучен во постапка во која учествувала само една фирма, покажа најновиот извештај на ЦГК

t

Секој трет договор за јавна набавка е склучен во постапка во која учествувала само една фирма. Со вакво отсуство на конкуренција, склучени се договори во вкупна вредност од 283 милиони евра. Ова го нотираше Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) кој денеска го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени од јануари до јуни 2023 година.

Освен тоа, објавен е и Индексот на рационалност каде што се споредени цените по коишто различни институции набавувале сосема ист производ или услуга, во случајов услуги за заловување и стручен третман на кучињата скитници.

Клучните наоди од мониторингот и од Индексот на рационалност вклучуваат:

-Се намалува просечниот број на понуди во јавните набавки, кој во мониторираниот период падна на 2,8, наспроти 3, колку што изнесуваше во 2022 година. Отсуството на конкуренција е особено загрижувачко во здравството.

-Одлуките што се донесуваат при спроведувањето на јавните набавки не се соодветно и прецизно образложени што фрла сомнеж врз објективноста и законитоста на постапувањата. Ова главно се однесува на одлуките за отфрлање на доставените понуди и за поништување на тендерите.

-Во значаен дел од постапките не се утврдуваат количините на она што се набавува, со што се оневозможува фирмите да понудат пониски цени за поголеми количини на набавка. Ова овозможува манипулација и злоупотреби во фазата на реализацијата на договорите.

-Во нетранспарентната постапка со преговарање без претходно објавување оглас, во првото полугодие од 2023 година склучени се договори во вкупна вредност од околу 11 милиони евра. Дури 91 % од овие договори се склучени во преговори со само една фирма. Најголема вредност на овој вид договори има АД Електрани.

-Истражувањето на цените на тендерите за третман на кучиња покажува многу ниска конкуренција од само 1,5 понуда по тендер. За некои услуги, како што е „еднодневен престој на куче во прифатилиште“ највисоката цена е 244 % повисока од просечната, а за друга услуга „заловување, транспорт до амбуланта и враќање“, највисоката цена е за 12,5 пати повисока од најниската цена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светската здравствена организација одржува итен состанок-се појави…

Светската здравствена организација (СЗО) денеска одржува итен…

Николоски: За двокатна куќа во внатрешноста не…

Заради притисокот што потекнува од Законот за…

Ќе дојде ли заладувањето кај нас: Обилни…

Делови од Црна Гора и Хрватска денеска…

Зеленски бара поддршка од Западот да продолжи…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сојузниците…

Се слави Св. Стефан летен, светецот со…

Православните верници го слават денот посветен на…