Села вели дека не е заинтересиран за влез во Владата
Претседателот на дел од Алијанса за Албанците, Зијадин Села, ја оцени како конфузна и невистинита најавата на еден од водачите на Вреди Изет Меџити дека е можно Алијанса да стане дел од Владата. Тој потенцира дека секогаш дејствувал чесно за да ги заштити правата на Албанците, а не за привилегиите на власта.
„Вие во комуникација со мене – НЕ. Јас како дел од владата – НЕ. Јас на страната на оние кои сакаат да ги поништат нашите права како народ – НЕ“, напиша Села на Фејсбук.
Тој вели дека политичките достигнувања ги мери врз основа на придонесот за рамноправност на Албанците, а не врз основа на интересите на власта.
Села предупредува дека работата во парламентот ќе продолжи како и секогаш, лице в лице со Владата, за да се заштитат интересите на граѓаните Албанци.
Вицепремиерот и еден од лидерите во коалицијата „Вреди“, Изет Меџити, во изјава за ТВ „21“ не ја исклучи можноста политичари од Националната алијанса за интеграција (НАИ), предводена од ДУИ, меѓу кои и Зијадин Села и неговото крило на Алијанса за Албанците, да станат дел од Владата.
Неодамна висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ во брифинг за „Слободен печат“ навести дека е можно Алијанса предводена од Села, по локалните избори да стане дел од власта. Но и тогаш извори од Алијанса за „Слободен печат“ изјавија дека нема никакви сигнали ниту контакти помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и партијата предводена од Села за влез во Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пропадна обидот на Курти да создаде Влада,…
Предлогот на мандатарот за формирање на новата…
Нов обид за формирање на Влада во…
Членовите на косовското собрание денес повторно ќе…
Османи му даде на Курти мандат за…
Косовската претседателка Вјоса Османи, во согласност со…
ДУИ: Европската иднина на земјата е блокирана…
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост…
Филипче: Жално е што реформите за ЕУ…
Да го искористиме времето и искуството на…