Села: Оваа Влада за која расправаме е со потрошен легитимитет

t

Владата за која денеска расправаме го има изгубено легитимитетот, а Ковачевски нема изборен легитимитет и во право се дискутантите кои два дена тоа го говорат, рече пратеникот и лидер на Алијанса за Албанците Зијадин Села, оценувајќи дека тој можеби има само технички аспект на легитимитет. Села рече дека демократијата, која не е на добро ниво во Македонија, го има аспектот на ДУИ, која партија, нагласи, нема легитимитет зашто го потроши во изминатите години со коруптивно и арогантно однесување, но и Владата го загуби легитимитетот и заради Алтернатива.

Села посебно им се обрати на пратениците на ДУИ велејќи им дека се 20 години на власт, за кое време направија многу проблематични потези.

„Вие сте главните виновници за масовното иселување на Албанците, кои не гледаат перспектива со ваква власт во земјава. Освен тоа, промашени се напорите за инфраструктурно поврзување на земјава со Косово и Албанија, а во поглед на Косово, поддржувате и еден проект за Отворен Балкан, без критички дел од претседателот на Србија Вучиќ и неговото учество во воените дејства што тој ги поддржуваше. Идејата е да се заобиколи Косово, тоа не го гледа ДУИ“, рече Села оценувајќи дека Отворен Балкан ја турка настрана веќе изгласаната одлука за принавање на Косово од страна на Македонија.

На Села му реплицираше координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми кој рече дека за жал на Села, тој и неговите партии во кои партиципирал, никако да го победат Али Ахмети.

„Вие всушност, немате легитимитет, а и тој доволно си го потрошивте со дружбата со Димитар Апасиев со кого се испосликавте – една слика илјада зборови. Имаме само една замолница до Села, на вашиот партиски Конгрес да бидам делегат и со две раце ќе гласам вие да останете претседател на Алијанса за Албанците“, рече Адеми.

„Можете да смените партија, но за вакви лица нема место како делегат на Конгрес на нашата партија“, му возврати Села.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Трагедијата што се случи бара јасна…

Демократската унија за интеграција објави соопштение по…

Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…

Влада: ДПИ за три дена да изврши…

На владината седница се донесе одлука со…

Османи: Од македонска перспектива, ДУИ е најпатриотската…

Ова сигурно можат да ми го злоупотребат…

Владата ги донесе законските измени – онлајн…

Влада на денешната 57-ма седница го донесе…