Сепак не сме за фалење: Србија ќе ја тргне забраната за извоз на пченица, брашно и масло за Македонија на барање на Николовски

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски на својот Фејсбук профил напиша дека штотуку завршил состанокот со потпретседателот на Владата на Република Србија, Бранислав Недимовиќ.
– Во моментов го завршив состанокот со потпретседателот на Владата на Република Србија, Бранислав Недимовиќ. Благодарение на довербата и соработката што ги обезбедува #ОтворенБалкан договоривме во следните 7 до 10 дена Србија за Северна Македонија да ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење, и да почне испораката за количините коишто се договорени помеѓу сите економски партнери од двете земји.
Обезбедивме договорите на нашите компании од сите стопански комори да бидат реализирани. Граѓаните пак да бидат спокојни, нашата држава ќе има доволно количини од овие стратешки култури. Во време на светска криза иницијативата „Отворен Балкан“ ни овоможува партнерство со Република Србија, напиша Николовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Вратени 4306 Украинци од руско заробеништво
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина…
Се сруши авион во Германија: Девојче извлечено…
Мало девојче (6) е извлечено од остатоците…
Косовските власти најавија инспекции за да се…
Косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечља…
Трамп им ја укина државната заштита на…
Претседателот на САД, Доналд Трамп ја укина…
„Солун во молк за Кочани“ – точно…
Македонците кои живеат и студираат во Солун,…