Се гасне пожар во семејна куќа во Делчево: Гори и во селото Очипала, екипите се на терен

t

Во Делчево во тек e акција за гаснење пожар кој зафати семеен дом на улица „Голачка“. Во моментот на терен се две возила со десетина пожарникари кои учествуваат во гаснењето на пожарот.

Пожарникарот Миле Тодоровски информираше дека дојавата е примена нешто по 16 часот и притоа е побарано од ЕВН да биде исклучен доводот на електрична енергија.

Во моментот се гасне вториот кат од куќата откако пожарот на долниот дел од куќата е локализиран. Како што додадоа од ТППЕ Делчево се прават напори пожарот да не се прошири на околните куќи во населбата Први Реон во Делчево. Апелираа возачите да ги отстранат своите возила за да можат возилата на единицата да се движат непречено.
Воедно од ТППЕ Делчево информираа дека во тек е и интервенција на пожар во село Очипала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…