Се е договорено?! Османи очекува 118 пратеници да гласаат за внесување на Бугарите во Уставот!

t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи смета дека отворањето на Уставот за внесување на бугарското малцинство ќе помине со потребното мнозинство во Собрание.

-Земајќи ги изјавите на политичките партии, дури и на опозициската, по однос на отворање на Уставот и внесување на Бугарите, Црногорците и Хрватите, очекувам не само две-третинско мнозинство, туку 118 пратеници ќе гласаат „за“, кажа Османи.

Според него, прво тоа е наш интерес за да го утврдиме правецот на нашите односи со Бугарија, а второ затоа што е универзално право и немаме критериуми по кои што ги делиме граѓаните, освен 20% кој што е критериум по кој се утврдуваат некои колективни права.

Во тој дел разбирам дека тоа е концесија. Лошо е што ни се поставува како Услов, тоа е компромисното решение. Битно на писта на која посакуваме да се одвива дебатата – на човекови и малцински права, истакна Османи во дебата со уредници на телевизии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратениците заминаа на одмор, ќе продолжат со…

Собранието на Република Македонија во рамки на…

Џафери “ги пеел” лидерите на политичките партии:…

Собранискиот спикер Талат Џафери денеска по 79.…

Маричиќ: Ова ќе бидат најлесните уставни измени

Владата ќе биде таа што ќе иницира…

Тоа ќе остане: СДСМ за пет години…

Од денеска работат двете нови патарини на…

Толкава партија, а како се резилат: Ако…

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вчера потпишаа…