Објавено на:

Се заканува ли глад во светот поради војната со Иран?

t

Светот е фокусиран на танкерите за нафта и течен гас кои веќе не пловат низ Ормускиот Tеснец поради војната во Иран. На крајот на краиштата, низ мореузот вообичаено се транспортираат околу една петтина од глобалниот извоз на сурова нафта и течен гас од Заливот до остатокот од светот.

Сепак, многу почувствителна стока е ѓубривото што помага да се прехрани светот и увозот на храна што ги одржува во живот земјите од Арапскиот Залив, ОАЕ, Катар, Кувајт, Оман, Бахреин и Саудиска Арабија. Земјите од Заливот имаат удел од 20% во глобалната количина на клучни ѓубрива како амонијак, фосфати и сулфур, покажуваат податоците од компанијата за поморско разузнавање Сигнал Груп. Речиси половина од уреата што се тргува на светските пазари – најмногу користеното азотно ѓубриво – потекнува од Заливскиот регион, при што Катар испорачува дури една десетина од глобалната понуда, според Блумберг Интелиџенс. Кога „Катар Енерџи“ минатата недела го запре производството по иранските напади врз Рас Лафан, најголемиот центар за течен гас и ѓубрива во светот, стотици илјади тони клучни хранливи материи и прекурсори за ѓубрива отпаднаа. Акумулираните ефекти од војната во Иран се третиот голем ризик за глобалната безбедност со храната во последните шест години, по пандемијата со Ковид и освојувањето обработливо земјиште и пристаништа што се користат за извоз на украинско жито од страна на Москва на почетокот на руската војна во Украина во 2022 година.

Недостатокот на ѓубрива може да влијае на приносите од земјоделските култури
Според УНКТАД, агенцијата на Обединетите нации што им помага на земјите во развој да се интегрираат во глобалната економија, околу 1,33 милиони тони ѓубрива се извезуваат преку теснецот Ормус секој месец. Значи, 30-дневно затворање на мореузот би можело да биде сосем доволно за да предизвика недостиг и ризик за култури зависни од азотско ѓубриво како пченката, пченицата и оризот. „Повисоките цени ќе влијаат на изборот на земјоделски култури“, оценува за ДВ Џозеф Глаубер, виш истражувач во Меѓународниот институт за истражување на прехранбената политика со седиште во Вашингтон. „Земјоделците може да се одлучат за култура на која ѝ е потребно помалку ѓубриво, наместо за онаа на која ѝ е потребно многу ѓубриво со азот, за да избегнат повисоки иницијални трошоци“, вели тој.

Глаубер додава дека земјоделците, особено во посиромашните земји, може едноставно да ја скратат употребата на ѓубрива, што би можело да влијае на количината произведени земјоделски култури. И покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот инсистираше на тоа дека војната со Иран е „речиси завршена“, Иран во средата отвори оган врз три брода во теснецот, според Поморските трговски операции на Обединетото Кралство, како знак дека Техеран останува цврст во одлуката теснецот практично да остане затворен. Колку подолго тоа биде така за комерцијален превоз, толку повеќе глобални синџири за снабдување со ѓубрива ќе почнат да пресушуваат, велат аналитичарите за стоки. „Пролонгирано нарушување значително би ја намалило достапноста на ѓубрива во главните региони зависни од увоз, како што се Бразил, Индија, Јужна Азија и делови од ЕУ“, предупредува холандската банка ИНГ во документ објавен месецов. Другите производители на ѓубрива, како Русија, Кина, САД и Мароко, имаат ограничен капацитет резерви и тешкотии веднаш да го зголемат производството за да го надоместат недостатокот. Кина стави ограничувања за увоз на фосфатни и азотни ѓубрива, но сега може да биде принудена да ги олабави. „Азотот може да се произведува секаде каде што има природен гас или јаглен“, посочува Глаубер, поранешен виш економист во Министерството за земјоделство на САД. „Но, фактички проблемот е високата цена на течниот гас“, бидејќи зголемувањето на производството може да биде неисплатливо. Растечките цени на нафтата ќе ги зголемат трошоците за храна Надвор од ограничувањата на ѓубрива, е отворено доминантната улога на нафтата во обликувањето на трошоците за храна, од земјоделски машини и камиони што ги превезуваат земјоделските производи до погони за преработка што ги претвораат земјоделските култури во храна и ги ладат. Секоја фаза од производството на храна сега е изложена на зголемени цени на енергијата. Со оглед на тоа што суровата нафта Брент и натаму се држи на околу 89 долари (76,83 евра) по екстремните осцилации на 119,50 долари, на пумпите разликата веќе се чувствува во паричникот. Дизелот на американскиот Западен Брег скокна на 4,69 долари за галон, што е скок од 14% во текот на изминатите две недели, додека цените на дизелот во Германија сега надминуваат 2,10 евра (2,43 долари) за литар, што е зголемување од една петтина за само неколку дена. Азиските економии, кои увезуваат огромно мнозинство од нафтата од Заливот, како Кина, Јапонија и Јужна Кореја, исто така го чувствуваат наглото зголемување на цените на горивата. Во меѓувреме, владата на Индија вети дека ќе ги замрзне цените на дизелот и бензинот, заштитувајќи ги потрошувачите и комерцијалниот транспорт од зголемени трошоци. Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, во интервју за Блумберг минатата недела предупреди дека ако зголемување од 10% на цените на енергијата се одржи во текот на една година, тоа би можело да додаде 0,4 проценти на глобалната инфлација и глобалниот економски раст да го намали до 0,2 проценти“. „Енергијата индиректно сочинува околу 50 проценти од трошоците на храната“, вели за ДВ Глаубер од ИФПРИ. „Откако повеќето земји се соочија со високи стапки на инфлација на храната во 2023/24 година, цените не се намалија, туку само се намалуваше стапката на зголемување на цените“, вели тој. Најмногу ќе страдаат најсиромашните и зависни од увоз Човечката цена од војната во Иран непропорционално ќе се плаќа, при што најсиромашните и земјите најзависни од увоз, ќе го апсорбираат шокот од недостигот на ѓубрива и зголемените цени на енергијата. Индија е меѓу најизложените, бидејќи се потпира на Заливот за до две третини од увозот на азотни ѓубрива. Недостатокот на ѓубрива би ја направил претстојната монсунска сезона за посев ранлива, предизвикувајќи нагло повисоки трошоци за производство на ориз, пченица и други основни производи со кои се прехрануваат 1,45 милијарди луѓе. Бразил, еден од најголемите светски извозници на земјоделски производи, зависи од уреата од Заливот за покривање на околу 40% од своите потреби за азот. Секое пролонгирано нарушување ги загрозува приносите од соја и пченка во момент кога глобалните залихи и онака се веќе ограничени. Субсахарска Африка се соочува со најголем ризик. Многу африкански земји веќе користат ѓубрива далеку помалку од потребното за пристојни приноси. Значи, дури и скромни зголемувања на цените би можеле да ги принудат малите земјоделци дополнително да ја намалат употребата, намалувајќи ги жетвите и продлабочувајќи го хроничниот глад. Во Иран, инфлацијата беше над 40% уште пред конфликтот, според податоци на Блумберг, со уште поголем пораст на цените на храната. Прекините во увозот, трошоците за енергија и домашната логистика веројатно уште повеќе ќе ја зголемат инфлацијата на храната и тешкотиите за милиони луѓе. Државите од Персискиот Залив, кои увезуваат 80 до 90% од нивната храна – од житарки и месо до млечни производи и растителни масла – се исто така акутно зависни од функционален мореуз за таквите испораки. Пролонгирано затворање би можело да ги исцрпи стратешките резерви во рок од неколку месеци, принудувајќи рационирање или скапо пренасочување преку Црвеното Море и заливот кај Оман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се заканува ли глад во светот поради…

Светот е фокусиран на танкерите за нафта…

(Видео) Орбан заплаче пред камера зборувајќи со…

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, ги обвини Украинците…

Стапката на наталитет се намалува во Македонија:…

Во Европската Унија во 2024 година се…

Тешко повредено 4-годишно дете во сообраќајка во…

4-годишно дете, патник во автобус, е тешко…

Генерален штрајк во Белгија: над 100.000 луѓе…

Десетици илјади луѓе денеска излегоа на улиците…